Многу Арапи и муслимани со право на глас во САД потврдија дека нема да гласаат за реизбор на американскиот претседател Џозеф Бајден поради неговата непоколеблива поддршка за Израел и неуспехот да се постигне траен прекин на огнот во Газа, пренесe Си-Ен-Ен.
ТВ мрежата укажува дека на претходните претседателски избори Бајден ја добил поддршката од неколку истакнати американски муслимани, избрани функционери и лидери на муслиманската заедница, но дека во пресрет на новиот изборен циклус многумина се скептични и лути на него.
„Верувам дека тој не може да се искупи себеси. Нема да гласам за Џо Бајден. Неговото соучесништво и активно учество во геноцидот на палестинскиот народ во Газа го дисквалификува како мој кандидат“, рекол Калид Турани, консултант од Мичиген и копретседавач на Огранокот на Мичиген на кампањата „Напушти го Бајден“.