Си-Ен-Ен објави снимка на која Трамп зборува за тајни документи

од Stefanija Kuzmanovska
273 прегледи

Американскиот Си-Ен-Ен објави снимка од 2021 година во кое поранешниот американски претседател Доналд Трамп зборува во Њу Џерси дека поседува документи од кои не се отстранети ознаките за тајност.

Видеото вклучува нови детали од разговорот, што е и клучен доказ во обвинението на специјалниот обвинител Џек Смит против Трамп, кој е обвинет за незаконско ракување со доверливи информации.

Според извештаите, видеото вклучува и момент кога Трамп укажува дека држи таен документ на Пентагон со планови за напад на Иран.

Слични содржини