Си го крстија детето Eклипс (затемнување)

од desk2
59 прегледи

Брачна двојка од Јужна Каролина, САД, го крсти своето бебе Eклипс (сончево помрачување), бидејќи се роди на денот на природниот феномен.


Фридом Јубенкс ја раскажа својата приказна за „Гринвил њуз”. На пат кон болницата, таа и нејзиниот сопруг Мајкл си рекле – доколку девојчето се роди на денот на еклипсата, да ја крстат – Eклипс.

Eклипс се родилa вo 8.04 часот утрото, со тежина од речиси три килограми, и со косичка по целата глава.