Кинескиот претседател Си Џинпинг денеска изјави дека никој не може да го спречи повторното обединување на Кина со нејзиниот регион Тајван.
„Луѓето од двете страни на тајванскиот теснец се едно семејство. Никој не може да ги раскине нашите семејни врски и никој не може да го запре историскиот тренд на национално обединување“, рече Си во новогодишниот говор што го емитуваше кинеската државна CCTV.
Во својот новогодишен говор минатата година, Си рече дека повторното обединување на Кина со нејзиниот регион Тајван е неизбежно и дека луѓето од двете страни треба да бидат обврзани со заедничко чувство за цел и да учествуваат во славата на подмладувањето на кинеската нација.
Ситуацијата меѓу Пекинг и кинескиот регион Тајван беше напната во текот на целата година во чувствителниот Тајвански теснец, особено откако Лаи Чинг-те, кого Пекинг го смета за сепаратист, стана претседател на островот во мај, наведува британската агенција.
На почетокот на овој месец, Кина изгради поморски сили околу својот регион Тајван и во Источното и Јужното Кинеско Море, откако Лаи ги посети Хаваите и американската територија Гуам за време на турнејата во Пацификот, што наиде на критики од Пекинг, додаде агенцијата.