Си повика на мерки за заштита на животите додека Кина се бори со нов бран на ковид

од Stefanija Kuzmanovska

Откако беше во голема мера отсечена од остатокот од светот за време на пандемијата, Кина сега доживува најголем пораст на инфекции на планетата по наглото укинување на ограничувањата кои сериозно ја оштетија економијата на земјата.

Кинескиот претседател Си Џинпинг ги повика официјалните лица во понеделникот да преземат чекори за заштита на животите, во неговите први јавни изјави во врска со ковид, откако Пекинг драматично ги олесни строгите мерки за ограничување на пандемијата овој месец.

Студиите проценуваат дека околу еден милион луѓе би можеле да умрат во следните неколку месеци. Многумина од населението сега се борат со недостигот на лекови, додека итните медицински установи се оптоварени со приливот на недоволно вакцинирани постари пациенти.

„Во моментов, превенцијата и контролата на ковид во Кина се соочува со нова ситуација и нови задачи“, наведе Си во директивата, а пренесува државната телевизија CCTV.

„Треба да започнеме патриотска здравствена кампања на повеќе насочен начин, да ја зајакнеме одбранбената линија на заедницата за превенција и контрола на епидемијата и ефикасно да ги заштитиме животите, безбедноста и здравјето на луѓето“, рече Си.

Слични содржини