Си: Промените во светот се случуваат на начини како никогаш досега

од Stefanija Kuzmanovska

Кинескиот претседател Си Џинпинг истакна дека промените во светот се случуваат „на начини како никогаш досега“, доведувајќи го човечкото општество до критична точка.

Тој го порача ова во говорот што го прочита кинескиот министер за трговија Ванг Вентао на бизнис форумот БРИКС во 2023 година.

Во говорот се наведува дека „светот денес стана заедница со заедничка иднина и дека луѓето дефинитивно не копнеат за нова Студена војна или мал ексклузивен блок, туку отворен, инклузивен, чист и убав свет кој ужива траен мир, универзален безбедност и заеднички просперитет“.

„Промените во светот се случуваат на начини како никогаш досега, доведувајќи го човечкото општество до критична точка“, предупреди Си во говорот насловен Унапредување на солидарноста и соработката за надминување на ризиците и предизвиците и изградба на подобар свет заедно“, пренесе China Media Group.

Тој додаде дека текот на историјата ќе биде обликуван од одлуките кои ќе бидат донесени.

Слични содржини