Сијарто: Европските политичари се најжестоките противници на мирот во Украина

Сијарто во јавна дискусија изјави дека европските лидери немаат интерес да постигнат мир, туку „секој ден додаваат масло на огнот“ и ја влошуваат ситуацијата, објави МТИ.

од Vladimir Zorba
6 прегледи

Унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто, изјави дека европските политичари во моментов се „најжестоките противници на мирот во Украина“, обвинувајќи ги дека се обидуваат да избегнат одговорност за своите претходни одлуки, со што ја продолжуваат војната.

Сијарто во јавна дискусија изјави дека европските лидери немаат интерес да постигнат мир, туку „секој ден додаваат масло на огнот“ и ја влошуваат ситуацијата, објави МТИ.

Тој нагласи дека Европа дава погрешни одговори на војната од самиот почеток, со што дополнително ја загрозува економската, социјалната и безбедносната стабилност.

Слични содржини