Сијарто: На светот му е потребно да победи Трамп

Тој, исто така, ги критикуваше актуелниот американски претседател Џо Бајден поради, како што вели, „немоќта“ што ја покажува на глобалната политичка сцена

од Бети Божиноска
238 прегледи

Шефот на унгарската дипломатија, Петер Сијарто,  верува дека нов претседателски мандат за Доналд Трамп во Белата кужа би овозможил да се воспостави, како што вели тој, „нов светски поредок“ на глобален мир и стабилност.

Во интервју за американскиот портал „Брејтбарт њуз“, Сијарто оцеи дека на светот му е потребно доналд Трамп да победи на претстојните претседартелски избори во САД зашто, како што наведе, „само силен американски лидер може да понуди стабилност и безбедност на меѓународниот поредок.“

Сијарто тври дека војната во Украина не може да се реши на бојното поле и дека Трамп може да посредува да се склучи мир меѓу Москва и Киев.

Тој, исто така, ги критикуваше актуелниот американски претседател Џо Бајден поради, како што вели, „немоќта“ што ја покажува на глобалната политичка сцена, немилосрдниот притисок за палестинска држава како и „лицемерието на ЕУ“ околу Израел, тврдејќи дека поразот на Хамас е критичен императив за глобалната стабилност.

Сијарто, кој беше во делегацијата на унгарскиот претседател Виктор Орбан при неговата посета на Трамп на неговиот имот на Флорида во петокот, укажа дека е општо познато оти Украина нема да ја победи Русија како и дека Русија не може да го победи целиот Запад, што значи дека несомнено ќе има преговори за ставање крај на војната во Украина.

„Без Трамп како претседател, оваа војна ќе продолжи уште долго, што ќе резултира со уште поголем број жртви и горели разурнувања,“ наведе тој.

Според Сијарто, Унгарија се залага за мир додека, како што наведе, повеќето земји во Европа се за војна.

Кога станува збор за Појасот Газа, Сијарто вели дека не смее да се заборави како почна тој конфликт, односно дека Хамас прв го нападна југот на Израел при што загинаа повеќе од 1.200 луѓе, а палестинската милитантна група зеде во заложништво околу 240 луѓе.

Тој смета дека воена операција на Израел против Хамас е од најголема важност и за светските интереси за да се осигура безбедноста и да се спречат слични напади во светот.

Слични содржини