266
Унгарскиот министер за надворешни работи и надворешна трговија, Петер Сијарто изјави дека не гледа дека Русија се заканува со напад на некоја од земјите-членки на ЕУ и НАТО.
„Не мислам дека Русија би нападнала која било земја на НАТО. затоа што НАТО е најсилниот сојуз на полето на одбраната и безбедноста во светот“, изјави Сијарто во интервју за францускиот ТВ канал LCI, објавено на Фејсбук, пренесува РИА.
Сијарто потсети на членот 5 од договорот за НАТО, според кој нападот врз една од земјите на Алијансата треба да се гледа како напад врз целата алијанса.