40
Министерот за надворешни работи, Петер Сијарто оцени дека европските лидери кои се за војна и против американскиот претседател Доналд Трамп се состануваат денеска во Париз за да се обидат да го спречат постигнувањето на мир во Украина.
„Спротивно на тие лидери, ние ги поддржуваме напорите на Доналд Трамп… и ги поддржуваме американско-руските преговори и сакаме да има мир во Украина“, рече тој, според МТИ.
Според него, на потег се оние во Европа кои не сакаат мир, а како што наведе, во Европа се организира провоениот камп што ќе се состане денеска.