Сијарто: Унгарската влада го има најсилниот легитимитет во Европа

од Vladimir Zorba
537 прегледи

Унгарската влада го има најсилниот легитимитет во Европа, што и овозможува да води најсуверена надворешна политика на континентот и да се фокусира исклучиво на националните интереси, изјави денеска министерот за надворешни работи Петер Сијарто.

Постои голема неизвесност во светската политика, но и покрај тоа, опсегот на унгарската надворешна политика е широк, определен од географијата и националните цели, а владата може да ги гледа исклучиво од своја гледна точка, рече Сијарто на годишниот политички фестивал „Транзит“ на брегот на езерото Балатон.

Сијарто рече дека Унгарците кои ја избрале владата гласале за загарантирана безбедност и за спроведување на националните интереси во „новиот светски поредок“, пренесува МТИ.

Слични содржини