Сикорски: Европа мора да биде подготвена за руски напад длабоко на нејзина територија

Сикорски денес предупреди дека Европа мора да биде подготвена за руски напад длабоко на нејзина територија и рече дека е „неодговорно“ да не се градат одбранбени системи како што е „ѕид од беспилотни летала“ на своето источно крило.

од Vladimir Zorba
21 прегледи Фото: Јутјуб/Принтскрин

Полскиот министер за надворешни работи Радослав Сикорски денес предупреди дека Европа мора да биде подготвена за руски напад длабоко на нејзина територија и рече дека е „неодговорно“ да не се градат одбранбени системи како што е „ѕид од беспилотни летала“ на своето источно крило.

Во Лондон, каде што го презентираше иранскиот дрон Шахед-136 соборен во Украина, Сикорски ги повика европските земји да „останат доследни“ во својата поддршка за Украина, велејќи дека се надева оти американскиот претседател Доналд Трамп ќе ги стави на располагање ракетите Томахавк со долг дострел на земјата, објави Ројтерс.

Истакна дека снабдувањето на Украина со дополнителна муниција за воздушна одбрана, како и оружје со краток и среден дострел, е неопходно за да се помогне во заштитата на Европа, наведувајќи ги како примери упадите на руски беспилотни летала над Полска и борбените авиони над Естонија.

Тој рече дека сè уште не е познато дали беспилотните летала забележани над Копенхаген се руски.

Запрашан за можноста за проширување на иницијативата „ѕид од беспилотни летала“ за да се спротивстави на идните упади, Сикорски за Ројтерс изјави дека руските напади „за жал би можеле да стигнат длабоко во Европа“.

„Треба да бидеме подготвени да се спротивставиме на тоа и затоа мислам дека би било неодговорно да не се градат капацитети против беспилотни летала денес“, рече Сикорски.