Полскиот министер за надворешни работи Радослав Сикорски денеска ја обвини Унгарија дека покажува неверојатен недостаток на солидарност кон Украина и верува дека унгарската влада создава клима на непријателство кон Киев за да ја искористи во својата изборна кампања.
„Очекував многу поголемо чувство на солидарност од Унгарија кон Украина. И наместо тоа, со помош на државната пропаганда… владејачката партија успеа да создаде клима на непријателство кон жртвата на агресија. А сега се обидува да ја искористи на општите избори. Тоа е доста шокантно“, изјави Сикорски пред новинарите во Брисел, објави Ројтерс.
Шефицата за надворешна политика на ЕУ, Каја Калас, изјави претходно во текот на денот, пред состанокот на министрите за надворешни работи на ЕУ во Брисел, дека континуираниот отпор на Унгарија јасно ставил до знаење дека состанокот нема да постигне консензус за предложениот нов пакет санкции против Русија.