Силен мобингот има врз колешките од градинките, вели Неделков

од Берта Китинска

Сите тежнееме во овој момент кон иста цел, само патиштата по кои се движиме се различни. Целта ни е што поскоро учениците да се вратат во училишните клупи и децата во градинките, но патиштата се различни. Треба некаде да се вкрстат и најдеме заедничко прифатливо решение за штрајкот да го прекинеме, вели лидерот на СОНК, Јаким Неделков.

Тој се осврна на поддршката која ја добиваат штрајкувачите од СОНК и за приклучвањето на повеќе училишта откако е започнат штрајкот, но и на притисоците кои ги имаат штрајкувачите пред се од некои директори.

Според него министесртвото за труд и социјала наместо да се обиде да најде заедничко решение им се заканува на штрајкувачите.

Им испраќаат писма на кои не стои ниту печат ниту име и презиме. Позната е само адресата на службеникот од министерството, уверува Неделков.

Тој посочува дека голем дел од директорите вршат мобинг врз вработените.

-Ги затвораат по 8 часа во мали простории во градинките. Не им дозволуваат да излезат на воздух, по храна или во тоалет, дури и на бремени жени. Вака не се гради взаемна доверба и не се доаѓа до решение. Овие директорки ако мислат дека цел живот ќе бидат директорки ова е за кривични пријави и не отстапуваме од тоа. Толку е силен мобингот врз колешките од градинките што не молат да не ги спомнуваме имињата на овие градинки за да го заштитиме идентитетот на овие вработени. Надлежните да извршат контрола во текот на штрајкот, вели Неделков.

Слични содржини