Силен ветер оддува колец за шатор и повреди мотоциклист во Данска

од desk2
119 прегледи

Силен ветер оддувал повеќе метални колци од шатори во камп во Данска, а еден од нив му нанесе сериозни повреди. Тој е на возраст од  61 година.


Како што соопшти локалната полиција колецот прелетал во воздухот и го погодил во вратот додека тој го пакувал шаторот.

Повреденото лице во тешка состојба со хеликоптер било пренесено во болница.

Локалните медиуми соопштија дека повредениот е мотоциклист, кој учествувал во организиран настан што се одржувал во кампот.