Силен земјотрес ја погоди Јапонија

од Stefanija Kuzmanovska
214 прегледи

Земјотрес со јачина од 6,1 степени според Рихтеровата скала денеска ја погоди Јапонија, соопшти Европскиот медитерански сеизмолошки центар (EMSC).

Земјотресот се случил во морето, во близина на градот Куширо на најсеверниот остров Хокаидо, соопшти јапонската метеоролошка служба.

Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од околу 60 километри, а нема опасност од цунами.