Две лица се повредени во земјотресот со јачина од 4,9 степени што ја погоди западната турска провинција Измир и предизвика паника меѓу населението, соопштија властите.
Градоначалникот на Измир соопшти дека нема извештаи за поголема материјална штета освен урнато минаре на една џамија, пренесува АП.
İzmir Buca’da meydana gelen deprem, korku dolu anların yaşanmasına neden oldu. Depremin şiddet Kandilli Rasathanesi 4,9 olarak açıklandı. Depremde ilk tespitlere göre Konak’ta bulunan Selahattin Oğlu Cami’nin minaresi yıkıldı.#deprem #izmir #izmirdepremi pic.twitter.com/mUuHz29x3W
— Onur Çakır (@OnurCakir67) November 4, 2022
Турската агенција за управување со вонредни состојби (АФАД) соопшти дека земјотресот со јачина од 4,9 степени, со епицентар во областа Буча во Измир, се случил утринава во 3:29 часот по локално време и бил проследен со неколку помали последователни потреси, како и дека бил почувствуван во околните области.
İzmir Buca'da, saat 3.29'da gerçekleşen 4.9 büyüklüğünde #deprem'de şuana kadar herhangi bir can kaybı bilgisi ulaşmamıştır.
2 vatandaşımız panikle atlama sonucu yaralanmış, bir camii minaresinde de hasar meydana gelmiştir.
Gelişmeler oldukça kamuoyuna bilgi verilecektir…+ pic.twitter.com/uDFMOr1BRo
— Süleyman Soylu (@suleymansoylu) November 4, 2022
Најмалку две лица се повредени откако скокнале од височина додека во паника се обидувале да ги напуштат своите домови, објави на Твитер министерот за внатрешни работи Сулејман Шојлу.
Земјотресот се случи неколку дена откако Измир ја одбележа годишнината од земјотресот со јачина од 6,6 степени според Рихтеровата скала, кој на 30 октомври 2020 година ги однесе животите на 117 лица, потсетува американската агенција.