Силен земјотрес го погоди Перу

од Stefanija Kuzmanovska

Земјотрес со јачина од 7 степени според Рихтер го погоди денеска јужниот дел на Перу, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (ЕМСЦ).

Епицентарот на земјотресот бил на 12 километри од градот Асангаро на длабочина од 200 километри.

Според сведоштвата објавени на веб-страницата на ЕМСЦ, земјотресот бил почувствуван и во градовите на повеќе од 200 километри од епицентарот.

Засега нема информации за жртви или материјална штета.

Слични содржини