Земјотресот со интензитет од 5,5, што се случи во средата во реонот на островот Бали во Индонезија, исплаши и стотици странски туристи

. Островот е атракција и туристички центар за љубители на морето од целиот свет. Нема податоци за физички повредени и сериозни штети, но според очевидци, цитирани од ТАСС, многу од летувалците заминувале во паника од хотелите . Според информација на Европскиот медитерански сеизмолошки центар, епицентарот е на 12 километри северно од градот Денпасар. Длабочината на огништето е 142 километри, а должината на потресот била околу 5 секунди.