Силен земјотрес ја погоди Австрија

од Stefanija Kuzmanovska

Земјотрес со јачина од 4,5 степени според Рихтеровата скала е регистриран утрово во централна Австрија.

Земјотресот се случил околу 8:30 часот.

Епицентарот бил на шест километри западно од Адмонт, на 77 километри од Линц.

Според Европскиот медитерански сеизмолошки центар, земјотресот бил на длабочина од два километри.

loading...

Слични содржини