Силен земјотрес ја погоди Фукушима

од Vladimir Zorba

Земјотрес со јачина од 5,4 степени според Рихтеровата скала ја погоди Фукушима во североисточна Јапонија.

Според Јапонската метеоролошка агенција (ЈМА), земјотресот се случил во 08:16 часот по локално време.

Од ЈМА соопштија дека земјотресот е регистриран на длабочина од 93 километри. По земјотресот не беше издадено предупредување за цунами.

„Источна јапонска железница“ објави дека брзите возови со кои управува се накратко запрени поради земјотресот.

Немало аномалии во нуклеарните централи Фукушима Даи-Иди, Даи-ни и Токаи 2 во провинцијата Ибараки каде што бил почувствуван земјотресот.

Слични содржини