Силен земјотрес ја погоди Грција, почувствуван и во Македонија

од Nikola Popovski
187 прегледи

Силен земјотрес со јачина од 5,3 степени според Рихтеровата скала попладнево ја погодил Грција.

Епицентарот на земјотресот бил на 12 километри јужно од Неа Муданија на Халкидики и на околу 60 километри југоисточно од Солун, објави „emsc-csem.org“.

Европскиот медитерански сеизмолошки центар со седиште во Франција информира дека потресот бил почувствуван на повеќе од 300 километри од околу 13 милиони луѓе во Грција, Македонија и Бугарија.

Се уште нема извештаи за повредени или предизвикана материјална штета.

Слични содржини