191
Земјотрес со јачина од 5 степени според Рихтеровата скала го погоди градот Сирт во југоисточна Турција, соопштија Турската управа за управување со катастрофи и Американскиот геолошки институт.
Управата за катастрофи и вонредни состојби АФАД објави дека се уште нема извештаи за жртви или штети од земјотресот што се случи на длабочина од 20 километри во 08:45 часот по локално време, пренесува АП.
Турција, која се наоѓа на трусно подрачје, веќе беше погодена од два силни земјотреса годинава – едниот што го погоди западниот пристанишен град Измир минатиот месец, загинаа 117 лица, а другиот во провинцијата Елазиг, загина 41 лице.