Адана во Турција утрово била погодена од силен земјотрес. Земјотресот бил со јачина од 5,5 степени според Рихтеровата скала.
Засега нема информации за повредени. Не се знае ниту каква материјална штета е причинета.
Земјотресот се случил на длабочина од 2,4 километри.
#Earthquake (#deprem) possibly felt 21 sec ago in #Turkey. Felt it? Tell us via:
📱https://t.co/bKBgMenA4F
🌐https://t.co/44vngdM2ty
🖥https://t.co/OSr2jaub9Y
⚠ Automatic crowdsourced detection, not seismically verified yet. More info soon! pic.twitter.com/olDvhGDme3— EMSC (@LastQuake) July 25, 2023
Да потсетиме, Турција на 6 февруари годинава беше погодена од два силни земјотреса. Првиот беше со магнитуда 7,8, а вториот 6,7 степени.
Природна катастрофа се случи на југот на оваа земја долж границата со Сирија, оставајќи зад себе урнатини, мртви и ранети од двете страни на границата.