52
Земјотрес со магнитуда од 6,1 степени е регистриран денес во западна Турција во регионот Баликешир, соопшти Агенцијата на Министерството за внатрешни работи на Република Турција за управување со катастрофи и вонредни состојби (AFAD).
Земјотресот е почувствуван и во Истанбул и низ целиот регион на Мраморното и Егејското море.
Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 11 километри, на 52 километри од градот Баликешир, објави „ТРТ Хаберлер“.
Се уште нема официјални информации за повредени лица или предизвикана материјална штета.