297
Земјотрес со јачина од 4,5 степени според Рихтеровата скала, попладнево ја погодил источна Турција, јавува Европскиот медитерански сеизмолошки центар со седиште во Франција.
Земјотресот е регистриран на 39 километри од Малатја, на длабочина од 10 километри.
Засега нема информации за повредени или материјална штета.