
Три лица се повредени во земјотрес со јачина од 5,7 степени што го погоди денес источниот дел на Турција.
Турскиот министер за внатрешни работи Сулејман Сојлу изјави дека тие луѓе биле повредени кога се срушилa воената кула за набудување.
Сојлу напиша на Твитер дека едниот од чуварите останал заробен под урнатините, додека другите двајца се полесно повредени.
Службата за управување со вонредни состојби и катастрофи објави дека епицентарот на земјотресот бил во областа Карлиов.