Неколку згради, меѓу кои и еден хотел, се урнаа денеска при земјотрес со интензитет од 6,4 степени според Рихтеровата скала, што го погоди источниот брег на Тајван.

earthquake measure
Епицентарот на земјотресот, што се случил во 23.50 часот по локално време (16.50 по средноевроско време), бил на 21 километри североисточно од крајбрежниот град Хуалиен.
Противпожарната служба од Хуалиен соопшти дека се стравува оти под урнатините на хотелот „Маршал“ во градот се наоѓаат околу 30 лица.
Покрај овој, оштетен е уште еден хотел во Хуалиен, а оштетувања се регистирани и на неколку улици во градот и на околните патишта.
Засега нема официјални податоци за загинати или повредени лица.
Во реонот на епицентарот на земјотрес, како што јави АФП, во изминативе три дена се регистрирани речиси 100 потреси со послаб интензитет.
Денешниот земјотрес се случува на втората годишнина од потресот од 6,4 степени, што го погоди југозападниот тајвански град Таинан, при што загинаа над 100 лица.