Силен земјотрес утрово ја погоди Босна и Херцеговина

од Stefanija Kuzmanovska
353 прегледи

Земјотрес со јачина од 4 степени според Рихтеровата скала рано утринава ја потресе Босна и Херцеговина.

Имено, како што е наведено на веб-страницата на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC), епицентарот на земјотресот бил на 20 километри југозападно од Требиње.

Според изјавите на граѓаните објавени на веб-страницата на EMSC, тресењето на земјата било многу почувствувано.

Се уште нема информации за евентуална материјална штета.

Слични содржини