Силен земјотрес утрово во Грција

од Симе Стоиков
212 прегледи

Земјотрес со јачина од 4,7 степени според Рихтеровата скала е регистриран утрово јужно од грчкиот остров Крф.

Земјотресот се случил во 7 часот и 20 минути по локално време и бил почувствуван на островот, а епицентарот бил на длабочина од 9,2 километри, пренесува Катимерини.

Грчката агенција за планирање и заштита од земјотреси (ОАСП) соопшти дека уште еден земјотрес со јачина од 3,5 степени според Рихтеровата скала се случил во раните утрински часови, а епицентарот бил на 20 километри југозападно од островот Отони.

Нема информации за штети во овие земјотреси.

Земјотрес со јачина од 6,1 степени според Рихтеровата скала го погоди денеска и брегот на индонезискиот остров Јава, на длабочина од 10 километри.

Слични содржини