Силен земјотрес во близина на турски Мармарис, едно девојче загина

од Nikola Popovski
26 прегледи

Земјотрес со магнитуда од 5,8 степени го погоди западниот брег на Турција, објави Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC). Едно лице загина.

Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 68 км во морето во близина на крајбрежниот град Мармарис, само неколку километри од грчкиот остров Родос, според информациите на „EMSC“.

Гувернерот на Мармарис, Идрис Акбијук, во објава на „Х“ потенцира дека 14-годишното девојче било хоспитализирано, но починало. Тој додаде дека 69 лица се повредени откако скокнале од своите домови за време на земјотресот.

Не е регистрирана штета на објектите во самиот Мармарис.

„Нашите тимови за проценка на штетите продолжуваат со операциите на терен. Досега не е забележана никаква штета“, рекол министерот за урбанистичко планирање Мурат Курум.

Многу крајбрежни одморалишта, вклучувајќи ги Мармарис, Фетије и Бодрум, се наоѓаат во покраината Мула, која прими 3,7 милиони странски туристи во 2024 година, според државната агенција Анадолија.

Слични содржини