Силјановска-Давкова кон Пендаровски: Умрете машки

од Vladimir Zorba
888 прегледи

Претседателскиот кандидат Стево Пендаровски, вчеравечер, во првиот телевизиски дуел беше мета на напади и омаловажувања од противкандидатката Гордана Силјановска Давкова, поддржана од ВМРО–ДПМНЕ.

Во недостиг на одговор за најважните прашања и теми, Силјановска постојано го навредуваше Пендаровски, се обраќаше со висок тон и пласираше лажни информации и невистини.

На констатацијата од Пендаровски дека таа има информации што се случува внатре во политичката парија ДУИ и дека информациите можеби ги добила по пат на прислушкување, Силјановска истури обвинувања кон Пендаровски дека тој цел живот бил вработен во Министерството за внатрешни работи, а во неможност да одговори на репликата како тоа има информации дека во ДУИ има две струи, една за бојкот на изборите, а една против, на висок тон му посака на Пендаровски „УМРЕТЕ БАРЕМ МАШКИ.”

Европската преговарачка рамка беше уште една тема погодна за напади од Силјановска кон Пендаровски. Односно, кога Пендаровски праша кој на ВМРО – ДПМНЕ во Брисел им дава поддршка да ја променат, односно, како што рече: „кој е тој меѓународен фактор кој е битен и кој е нивен идеолошки пандан или сојузник или стратешки партнер кој ќе им рече, дајте да промениме, ќе биде многу подобро и ќе нема потреба од Уставни промени – во Европска Унија, во која членка е, за жал и Република Бугарија”, Силјановска се правдаше дека целата ЕПП застанала зад нејзините ставови и дека таа била во ЕУ одамна со нејзината работа.  

Навредите не изостанаа и кога двајцата кандидати зборуваа за измените во кривичниот законик.

„Вие сте биле во салата и сте гласале против кривичниот законик меѓутоа не сте излегле надвор за да го слушнете кворумот кој беше неопходен на владините партии да го донесат законот. Зошто останавте внатре? Како за некои други работи сте можеле да останете надвор. Не вие и пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ. На пример како е можно да вие не гласате за стратегијата за родова еднаквост на пример, воопшто не сте биле таму, а за ова сте биле и сте гласале против па им правите кворум на овие што носеле вакви измени на КЗ. Тоа е факт”, рече Пендаровски.

На ова Силјановска Давкова, немајќи аргументи за одговор упати навреди дека Пендаровски бил слаб студент и затоа наводно се осветувал. На што Пендаровски одговори дека бил студент со висок просек и затоа и докторирал и имал академска кариера.

Освен што Силјановска Давкова синоќа постојано го навредуваше Пендаровски, не се огради ниту од нападите на Христијан Мицкоски чија партија, ВМРО – ДПМНЕ, застана зад нејзината кандидатура.

„Дали е можно дека тој европски премиер политичар за мене вели има длабока, психолошка, внатрешна раздразнетост, и чувство на интелектуална инфериорност? Па да се оградевте освен ако не го поддржувате?”, ја праша синоќа кандидатот за претседател Стево Пендаровски неговата противкандидатка Силјановска, притоа посочувајќи ги секојдневните навреди кои кон него ги упатува Христијан Мицкоски.

Премолчувајќи ги навредите од Мицкоски кон Пендаровски таа стана негов соучесник и одговори иронично – „Јас не сум му ни родител, ниту учителка ниту е под мое старателство”.

Слични содржини