Силјановска-Давкова: Ни треба Министерство за родова еднаквост

од desk4

Македонија има потребата од постоење на министерство за родова еднаквост или барем министерка без ресор која ќе го води овој ресор, рече денеска претседателка на Комисијата за еднакви можности на жените и мажитe Гордана Силјановска Давкова, на третата тематска сесија за родово сензитивни полтики и процедури во Собранието.

Според Силјановска Дафкова, доколку сакаме да имаме родово сензитивно законодавство и надзорна функција, постапката во носењето на законите треба да биде во редовна процедура, но  да има и доволно време за нивна  подготовка.  Таа вели  дека во самиот  законски текст треба да има одредба која ќе посочува дека тој има родова димензија, со која ќе го трасира патот на тој закон во надлежната комисија.

– Собранието ќе ја има контролната функција само доколку поднесените интерпелации на владините министри, се проследуваат во точно утврдените рокови, рече Сиљановска-Давкова.

И претседателка на Клубот на пратенички Лолита Ристова, во своето обраќање се осврна на надзорната улога на Собранието, предвидена во член 61 од Уставот, со  акцент на потребата за родово сензитивен надзор.

-Клубот на пратенички и Комисијата за еднакви можности на мажите и жените, треба да го имаат најголемото влијание во клучните прашања за проценка на влијанието на регулативата. За ефикасен родов надзор неопходни се измени на Деловникот и на Законот за Собрание, рече Ристова.

Сесијата започна со краток осврт на заклучочците од втората тематска сесија „Вознемирување и сексуално вознемирување“ одржана на 2 јули 2021, која беше дел од циклусот работни состаноци чија цел е подобрување на Деловникот и другите процедури и политики во Собранието од аспект на родот и различностите. Претставниците на Мисијата ги презентираа најдобрите практики и меѓународни стандарди за парламентарните политики и практики за вознемирување и сексуално вознемирување, домашната правна рамка, како и коментарите на ОДИХР за Деловникот и Законот за Собранието од аспект на родот и различноста.

На третата тематска сесија за родово сензитивни полтики и процедури во Собранието беа презентирани и клучните наоди и препораки од анализата и коментарите на ОДИХР кои се однесуваат на родово сензитивното законодавство и надзор од Билјана Котевска, национална експертка за родова еднаквост и Резарт Мехмед, национален програмски офицер од Мисијата на ОБСЕ во Скопје, кои се осврнаа и на методологијата за проценка на влијание на регулативата – научени лекции и иден потенцијал за родово сензитивно законодавство.

Б.Т.

Слични содржини