Силјановска го избриша твитот во кој тврди дека ќе го врати името Република Македонија

од Vladimir Zorba
154 прегледи

Кандидатот за претседател на Република Северна Македонија од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова, од својот Твитер профил го избриша постот во кој тврдеше кога ќе биде избрана ќе го врати името Република Македонија и ќе го заштити со клаузула за непроменливост во преамбулата на Уставот.

„Не го прифаќаме наметнатото име кое народот во огромно мнозинство гоотфрли на референдумот на 30.09.2018. Ќе го вратиме името Република Македонија и ќе го заштитиме со клаузула за непроменливост во преамбулата на Уставот“, гласеше твитот кој веќе неможе да се најде на профилот на кандидатот за претседател од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.