Сиљановска и Муцунски разменија неколку зборови со Трамп на самитот на НАТО

од Nikola Popovski
67 прегледи

Шефицата на државата, Гордана Сиљановска-Давкова информира дека денеска имала кратка средба со американскиот претседател Доналд Трамп во рамките на денешниот самит на НАТО во Хаг, Холандија. Според претседателката, средбата претставува симболичен гест на почит и партнерство.

-Остануваме посветени на сојузништвото со САД како наш клучен стратешки партнер во рамките на НАТО и пошироко, порачува Сиљановска Давкова.

Покрај претседателката, според фотографиите, Трамп разменил неколку зборови и со министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски кој ја придружувал Сиљановска во моментите кога поминувал американскиот претседател.

Во македонската делегација во Хаг, освен Сиљановска Давкова и Муцунски, се наоѓа и министерот за одбрана, Владо Мисајловски. Во фокусот на самитот е зголемувањето на трошоците за одбрана на пет проценти од БДП, но и кризата на Блискиот Исток и војната во Украина.

Слични содржини