Сиљановска и Вучиќ ќе се сретнат на Илинден во манастирот Прохор Пчински

од Nikola Popovski
193 прегледи

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска остварила телефонски разговор со нејзиниот српски колега, Александар Вучиќ. Како што информираат од прес-службата на српското претседателство, Вучиќ имал срдечен разговор со Сиљановска-Давкова за најважните прашања од нашите билатерални, особено економските односи, како и за местото на Србија и Македонија на агендата на проширувањето на Европската унија и заемната поддршка на патот кон ЕУ.

„Претседателката на Северна Македонија се заблагодари за помошта што Србија ја пружи во гаснењето на пожарите, а јас посочив дека важноста на регионалната соработка е во тоа што можеме да си помогнеме на најдобар и најбрз начин.

Се договоривме заедно да го посетиме манастирот Прохор Пчињски на Илинден, што исто така ќе биде одлична можност за дополнително зајакнување на врските меѓу нашите два народи.

Ја искористив приликата да ја поканам мојот почитувана колешка да ја посети Србија, за да конкретизираме некои од плановите кои ќе ја подигнат нашата соработка на повисоко ниво“, напишал Вучиќ на социјалната мрежа Инстаграм.

Во 2022 година, по осумнаесет години, тогашниот претседател Стево Пендаровски, по повод одбележувањето на 2 Август, Илинден – Денот на Републиката, предводеше државнo-црковна делегација во посета на манастирот „Св.Прохор Пчински“, каде е одржано првото заседание на Антифашистичкото собрание на народното ослободување на Македонија (АСНОМ), на 2 август 1944 година.

Слични содржини