Силјановска: Кризниот штаб заседава секој понеделник и носи одлуки во форма на препораки, што се носат на владина седница

од Nikola Popovski
464 прегледи

„Главниот кризен штаб го има претставниците на ЦУК, претставниците на Дирекцијата за заштита и спасување, предводени од премиерот и ги вклучува сите министерства со ресорна надлежност во справување со кризата“, вели Светлана Силјановска, советничка во Кабинетот на премиерот Зоран Заев, за емисијата „Топ тема“.

Според неа, тој Кризен штаб заседава секој понеделник.

„Неговата работа не е јавна комуникација од проста причина што тие одлуки што се носат не се финални односно се носат во форма на препораки, што се носат на владина седница“, истакна Силјановска, додавајќи дека не е точно дека тие Влада не комуницираат со јавноста.

Слични содржини