Сиљановска му одговори на Георгиев: Уставниот суд не е под јурисдикција на бугарските политичари

Одлуките на уставните судови во Бугарија и во Македонија се конечни и не се коментираат, констатира шефицата на државата

од Nikola Popovski
28 прегледи Фото: Фејсбук

Уставните судови не се под јурисдикција на соседни политичари, а одлуките на овој суд се конечни и не се коментираат, рече денеска претседателката Гордана Сиљановска Давкова во однос на писмото на шефот на бугарската дипломатија Георг Георгиев до неговите колеги од ЕУ, во кое вели дека е непотребна провоција  и правна апсурдна постапка иницијативата за оценка на уставноста на Протоколот од Договорот за доброседство со Бугарија, поднесена до Уставниот суд од поранешната пратеничка Лилјана Поповска.

Сиљановска Давкова потенцираше дека е непријатно да се коментираат вакви изјави како и да се даваат комeнтари за работа на Уставен суд, укажувајќи дека Уставниот суд решава дали има основ за проследување на доставените иницијативи.

– Непријатно ми е првин да коментирам вакви изјави како што е непријатно и да давате коментари и за работа на Уставен суд. Уставните судови се дури и надвор од поделбата на власта внатре во државата, сигурно не се под јурисдикција на соседни политичари. Ако некој покренал постапка во Уставниот суд, Уставниот суд ќе реши дали има основ за негово проследување. Одлуките на уставните судови и во Бугарија и во Македонија се конечни и не се коментираат, јас дури ниту тогаш не би ги комнентирала, изјави Сиљановска Давкова,  по доделувањето на признанието „Инженерски прстен“ во Охрид.

„Не е можно да се промени договорениот европски консензус или која било од неговите компоненти. Бугарија очекува Република Северна Македонија (РСМ) да ги исполни своите обврски со добра намера, како што самиот Европски совет (ЕУ) постојано инсистира“. Ова е напишано во писмо до министрите за надворешни работи на Европската Унија од страна на министерот за надворешни работи Георг Георгиев, соопшти Министерството за надворешни работи.

Во писмото, министерот Георгиев ги информира своите колеги од земјите-членки на ЕУ, како и од европските институции, за најновите обиди на Македонија, како што пишуваат бугарските медиуми, „да компромитира важни елементи од европскиот консензус“.

Бугарија изразува растечка загриженост за континуираното неисполнување на обврските на Македонија кон ЕУ