Силјановска: Со гласовите на Река, разликата е повеќе од 70.000 гласови

од Vladimir Zorba
129 прегледи

Гордана Силјановска, кандидатка за претседател на дражавата поддржана од ВМРО-ДПМНЕ, соопшти од партискиот птаб дека ако се споредат гласовите на власта, односно на Стево Пендаровски, кој е поддржан од СДСМ и од ДУИ, и гласовите на опозицијата, односно нејзините и на кандидатот на Алијансата за Албанците и Беса – Блерим Река, тогаш разликата меѓу власта и опозицијата е 70 илјади во корист на опозицијата.

– Ако се спореди бројот на гласовите за опозицијата и на оние кои гласале за Река, разликата е повеќе од 70 илјади гласови. За некој како мене кој во целата кампања укажуваше на неодржливоста на систем на режим без владеење на правото, потонат во коруција, тоа е најважно. Опозицијата успеала навистина не само да им предочи, туку и да ги убеди граѓаните дека во отсуство на право и правда, може да си раскажуваме прикаски за ЕУ и НАТО, порача Силјановска која изрази благодарност до сите граѓани кои ѝ искажаа доверба во првиот круг од шестите претседателски избори.

Слични содржини