Силјановска: Време е за револуција, не Шарена, туку за револуција на владеењето

од Aleksandar Todeski
377 прегледи

Во 1994 година се збогував со политиката. Реков никогаш повеќе, само ќе ја проучувам. Минатата година го прекршив зборот, но не попусто, видов дека она што го пишувам, предавам и зборувам, не го гледам во државата, рече професорката Гордана Силјановска-Давкова на Конвенцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

„Мислев заедно со крајот на професорската кариера да ставам крај на било какво бавење со политика, но пак ме разубедија. Во оваа држава, во овие три години исчезна подлебата на власта и добивме републиканска монархија, а со неа не се оди во Европа. Нашето Собрание е демократска руина. Мислам дека ако во името на ВМРО-ДПМНЕ го има зборот „Револуционерна“, време е за поинаква револуција, не Шарена револуција, за револуција на владеењето, на умот, во упраувањето. Политиката мора да стане уметност на можното, а за тоа е потребно знаење“, рече Силјановска-Давкова.

Таа се заблагодари на лидерот и партијата дека имале разбирање за натпартиски кадри, како што самата си се претставува. За листата на опозицијата, вели видела имиња за кои не слушнала до сега, но и кажале дека се почитувани во средината и професијата.

„На претседателот Христијан Мицкоски му велам, мора да направите влада што ќе личи на вас, што ќе биде како експертска, влада во која ќе седат луѓе кои се препознаени во професијата, помала влада во оваа. Мора да побарате да одговарате сами на пратенички прашања еден ден во неделата, тоа одамна не сме го виделе“, додаде Силјановска-Давкова.

Слични содржини