Силните и интелигентни жени знаат што сакаат од една врска. Тие имаат очекувања, знаат дека ги заслужуваат и не би се помириле со помалку.
Некои типови однесување на мажите имаат тенденција да ги изнесат од рамнотежа. Силните жени тешко простуваат, кога еден маж се однесува со нив не на соодветното ниво.
Ако сте маж и си дозволите да се однесувате на следниве начини со една силна жена, ќе зажалите!
Срамен и омаловажувачки однос
Една силна жена не би трпела сличен однос кон себе. Не е важно дали сте арогантен маж исполнет со финансиски можности или силен карактер кој знае што сака од една жена.
Силните и интелигентни жени би проголтале само еден единствен пат такво однесување. Таа ќе ве натера заклучоците од тоа однесување да останат за ваша лекција, господа. Втор пат нема да има.
Нечесност
Искреностата е важна вредност. Ако се однесувате со една силна жена како со кукла без став, таа нема да трпи долго тоа. Жени од овој тип знаат што сакаат и ако не го најдат тоа кај мажот со кого се, ќего побараат на друго место. Силните жени многу добро си ја знаат цената и знаат исто така дека мажите треба да се благодарни што ги имаат.
Недостаток на емоционална поддршка
Силните жени се силни, зашто знаат што можат. Но, кога мажот до нив не ги поддржува емотивно, ова е во состојба што ќе ги одбие. Врска, лишена од пријателство, поддршка, разбирање, одобрување и емоции е невозможна за една силна жена. Таа постепено ќе почне да ја губи својата почит кон партнерот, ако тој не покажува емоционална поддршка кон неа.
Отфрлање
Некои мажи се дистанцираат од силните жени, бидејќи се плашат од нив. Тие инстинктивно се повлекуваат, бидејќи не знаат како да се однесуваат и како да реагираат во друштво на силна жена. Машкото его понекогаш постои без особена оправданост и кога ќе се сретне емитувањето на силната жена, прави чекор назад.
Силните жени немаат потреба од такви псевдомажи. Тие не ги толерираат и обично сличната врска е осудена на крај.