Силно невреме во Италија, има повредени (ВИДЕО)

од Берта Китинска

Невреме со силен дожд и град ја погоди денеска Катанија на Сицилија, а градските водачи објавија дека торнадо ја погодило и областа.

Новинската агенција АНСА објави дека неколку лица се повредени, но дека никој не е хоспитализиран.Неколку куќи беа оштетени, дрвјата беа искорнати, а некои патишта беа затворени, додаде истиот извор, пренесува Хина.

Четири авиони мораа да бидат пренасочени кон други аеродроми за време на слетувањето.Италија оваа недела беше погодена од бури, па во Лигурија, по обилните дождови, вчера и денес се излеаја реките.

Мал мост се урна, а спасувачите мораа да евакуираат 10 семејства, пренесуваат италијанските медиуми.

Слични содржини