297
Министерството за внатрешни работи на самопрогласената Доњецка Народна Република (ДНР) објави видео на кое се гледа нападот на руските сили врз фабриката за челик Азовстал во Мариупол.
Офанзивата на Азовстал започна вчера, кога руските војници влегоа во комплексот на челичарницата, а украинските власти изгубија контакт со борците во фабриката.
Руското Министерство за одбрана тврди дека во текот на ноќта биле убиени повеќе од 600 украински војници, додека голем број цивили се уште се заробени во подрумот во Азовстал.
Одбраната на оваа фабрика сега е главен приоритет на украинската армија, додека руските војници нема да се откажат додека не влезат во внатрешноста на Азовстал.