СИЛНОТО НЕВРЕМЕ стигна до Србија: Падна кран, ветрот однесе дел од покрив на болница (ВИДЕО/ФОТО)

од Vladimir Zorba
831 прегледи

Откако страшното невреме помина низ Словенија и Хрватска, а зад себе остави четири жртви, вечерва невремето стигна и до Србија

Некои делови од Србија се без струја, а силниот ветер однесе дрвја и кровови, јавуваат српските медиуми.

Бурниот ветер однесе дел од покривот на болницата во Сремска Митровица, а многу куќи останаа без ќерамиди. Овоштарниците околу Фрушка Гора се опустошени, јавува репортерот на „Нова.рс“.

Во Нови Сад невремето откорна десетина дрвја за само 15 минути, а некои паднаа на патиштата. Делови од градот останаа без струја и вода.

Снемало струја во Обреновац и Жарково.

Во Белград, јавува „Нова“, тешко се вози поради искршени дрвја на патиштата. На градилиште во Нов Белград, бурен ветер соборил кран на градилиштето.

На страната на Инстаграм „moj_beo_grad“ може да се забележи дека за време на невремето во Белград ветрот откорнал дел од зграда, со што за влакно избегнал автомобил кој поминувал во тоа време.

Слични содржини