102
Утрово бил уапсен скопјанец кој претходно бил пријавен дека силувал девојка.
Според полицијата, во 01.20 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Б.Б.(37) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека на 21.02.2025 физички нападнал 28 – годишна девојка од Скопје и извршил обљуба врз неа.
По целосно расчистување и документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.