
Еден од најдобрите дефанзивци на светот, Тијаго Силва станува слободен агент на 1 јули. Француските медиуми пишуваат дека тој би можел да се врати во „градот на модата“.
Пари Сен Жермен најверојатно нема да го продолжи договорот со 35-годишниот Тиаго Силва.
Бразилецот е во ПСЖ од 2012 година, а претходно помина три сезони во Милан. Тој брзо стана столб на одбраната на клубот, а потоа и капитен и еден од милениците на навивачите.
Милан се споменува како негов нов клуб, а и Евертон на Карло Анчелоти е заинтересиран за услугите на Силва. Тој неодамна изјави дека би сакал да ја продолжи кариерата во Шпанија.
Бразилецот одигра 89 натпревари за „кариоките“.