Грандиозната сцена го осветли небото на Петрич на 23-тото издание на Меѓународниот фестивал за нови песни „Златен Костен“ во Бугарија. Преполниот аудиториум со млада публика која едвај беше спречена да се качи на самата сцена, беше вистинско уживање за младиот пејач Симеон Коруноски, кои подеднакво ги освои симпатиите на публиката и жири комисијата кои му ја доделија Првата награда.
Во конкуренција од 14 пејачи од 5 балкански држави, Симеон ја изведе песната Најмила, комплетно дело на Владимир Дојчиновски, со која неодамна доби награда за најдобар дебитант на Охрид фест.
Меѓу присутните на финалната вечер беше и бугарската ѕвезда Гери Никол која не ги криеше своите симпатии кон Симеон.
Симеон Коруноски стана познат на македонската јавност, кој како финалист на Кастинг Талент Шоу стигна до улога во мјузиклот “Тајно моја“ во продукција на Македонската опера и балет, а во чест на Тоше Проески
https://www.youtube.com/watch?v=QJFO8T1jlFw