Позицијата на Бугарија кон Северна Македонија незабележливо се префрли на друг тон и тоа е опасно. Престанавме да се прашуваме кога Македонија ќе почне да го спроведува договорот и ќе соработува во историската комисија. Почнавме да слушаме некои западни клишеа за тоа како Бугарија треба да направи нешто. Не Софија, Скопје мора да направи отстапки и за тоа има консензус во бугарското општество, вели за „БНР“, Прван Симеонов, извршен директор на „Галуп Интернешнл Балкан“.
Тој смета дека „на местото на бугарскиот домашен конзервативизам, со нејасни разлики меѓу темната и светлата страна, што ги отелотворуваше Борисов, сега бугарското општество избра либерален прозападен интелектуализам и многу е интересно како харвардската струја во бугарската политика ќе се однесува по македонското прашање“.
-Петков и Василев не изгледаат толку наивни како што изгледаше Трифонов и не изгледаат неподготвени за политика. Напротив, изгледаат како луѓе кои долго време чекаат да дојдат со напишани домашни задачи и готови формули. Оваа цикличност, која понекогаш ја предизвикува бугарското општество, може да изгледа како повторување на истата грешка, потенцира Симеонов.