Симовски: Бројката на попишани Бугари е обична глупост, никој досега нема влезено во податоците

од Nikola Popovski

Темпото на попис е подобро од очекуваното. Просекот е околу 100.000 граѓани на дневно ниво, вели директорот на ДСЗ, Апостол Симовски во гостувањето на емисијата „Утрински брифинг“.

Тој информира дека пописот се одржува насекаде, дека нема посебен распоред на урбани или рурални средини.

-Сите обиди за бојкот паѓаат, додава Симовски.

Во однос на шпекулациите во бугарските медиуми за бројот на попишани Бугари, Симовски потенцира дека тоа е обична глупост.

-Такво нешто не заслужува коментар. Ниедно лице нема досега влезено во податоците кои се досега собрани, појаснува директорот.

Според Симовски, веб-страницата на ДЗС е цело време под напади, но таа нема врска со делот на попишување.

Слични содржини