Симовски: Сигурен дека ќе имаме доволно попишувачи

од Vladimir Zorba

„Пандемијата немаше големо влијание за заинтересираност за конкурсот за попишувачи, тоа се должи на фактот што го објавивме сред лето, кога многумина се на одмор, работат сезонски во други земји, многумина се занимаваат со земјоделие“, вели директорот на Државниот завод за статистика, Апостол Симовски, во гостувањето на Сител телевизија. Тој откри дека не очекувал дека ќе има слаб интерес, особено во градски средини како Скопје, Охрид и Струмица.

-Не станува збор за голема бројка, околу 1.500 попишувачи недостасуваат. Во околу 20 пописни реони од педесет имаме задоволителни бројки и таму може да се направи добра селекција на кандидати. Не верувам дека незаинтересираноста се должи поради страв од пандемијата, но пред дваесет дена кога го објавивме конкурсот бројките на новозаразени беа занемарливи, а и сега кога имаме троцифрени бројки повторно јавноста инстистира да нема мерки, се оди по забави и кафеани. Не е сфатливо да не сакаме да сме попишувачи, но да седиме по кафеани, изјави Симовски.

Тој додаде дека има доволно време за нови кандидати, а обуката би започнала на 28 август. Според Симовски, секогаш има и план „Б“ како вклучување на администрацијата, но најпрвин порача да се пријават невработените лица, односно да се информираат граѓаните дека има конкурс за учесници во пописот кој ќе трае до 17-ти август.

Слични содржини